Тенис
22. November 2019 - 17:01

Русија по голема борба ја совлада Србија и избори полуфинале со Канада во Дејвис купот

Тениските селекции на Канада и Русија го сочинуваат првиот полуфинален пар за завршницата на Дејвис купот што се одржува во Мадрид. 
 
Во првиот дуел од четвртфиналето Канаѓаните со 2:1 во добиени мечеви ги совладаа австралиските тенисери, а попладнево во Русите со истиот резултат беа подобри од Србија. 
 
Во сингл мечвите, Новак Ѓоковиќ во два сета со идентични 6-3 го совлада Карен Качанов, додека Андреј Рублев беше подобар во два сета (6-1 и 6-2) од Филип Крајиновиќ. 
 
Во решавачкиот меч во двојки, Србите решија да направат промена, па на местото на Типсаревиќ заедно со Троицки играше Ѓоковиќ. Но. Ниту таа промена не донесе резултат, а Русите по голема борба го добија мечот со 2:1. Првиот сет го решија во своја полза со 6-4, а со ист резултат го загубија вториот. Решавачкиот трет се играше безмалку еден час, а тај-брејкот руските тенисери го добија со 10-8 на поени
 
Втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат победниците од дуелите меѓу домаќинот Шпанија и Аргентина, односно Велика Британија и Германија, дуели кои ќе започнат во терминот од 17 часот и 30 минути.