Свет
30. July 2016 - 13:21

Русија: Откриен компјутерски вирус за шпионажа

Руската разузнавачка служба откри компјутерски вирус за шпионирање во компјутерските мрежи на 20 државни институции и компании од областа на одбранбената индустрија, соопшти разузнавачката служба.

Федералната служба за безбедност (ФСБ) откри софтверски вирус за кибер шпионажа во компјутерските мрежи на околу 20 организации, чии седишта се наоѓаат во Русија.