Свет
9. July 2020 - 11:20

Русија одобри нов лек за Ковид-19

Во Русија е одобрен новиот антивирусен лек „коронавир“ за лекување на пациентите заболени со тешката респираторна болес Ковид-19, соопшти руската фармацевтска компанија „Р-Фарм“.

Во соопштението на „Р-Фарм“, во чиишто лаборатории е развiен лекот „коронавир“, се наведува дека клиничкото испiтување во кое биле вклучени пациенти со благи или средни клинички слики, покажало дека лекот е многу ефикасен во инхибирањето на репликациите на новиот коронaвирус.

„Коронавир е еден од првите лекови во Русија и во светот кој не се бори против компликациите предизвикани од вирусот SARS-CoV-2, туку против самиот вирус“, се наведува во соопштението на компанијата.

Клиничкото истражување покажало подобрување кај 55 отсто од заболените кои не биле примени во болници на седмиот ден од лекувањето со „коронавир“, во споредба со 20 отсто кои примале стандардна терапија. До петтиот ден од лекувањето, новиот коронавирус е елиминиран кај 77,5 отсто од пациентите кои земале „коронавир“, наведуваат од „Р-Фарм“.

„Глобналната клиничка практика и клиничкото истражување кое го спроведовме потврдија дека ‘коронавир’ многу побрзо ја запира инфекцијата како резултат на својата ефикасна опструкција на репликациите на вирусот“, изјави Михаил Самсонов, медицински директор на „Р-Фарм“.

Тестирањето започнало кон крајот на мај и повеќе од 110 пациенти биле третирани со овој лек, додаде директорката за клинички испитувања на рускиот Централен истражувачки институт за епидемиологија, Татјана Рјаженцова.

Ова е трет лек регистриран во Русија за лекување на новиот коронавирус. Првиот „авифавир“, им се дава на пациентите од 11-ти јуни.

Според последните податоци од четвртокот, во Русија во последното деноноќие се регистрирани 6.509 нови случаи на заболени со Ковид-19, како што се водат во оваа земја, со што дневниот раст се движи на нивото од 0,9 отсто, откако ден претходно беа регистрирани 6.562 новозаболени. Од новозавилените 27,3 отсто немале никави симптоми.

Во последните 24 часа Русија забележала нови 176 смртни исходи од Ковид-19, а од болниците биле отпуштени 8.805 пациенти.

Со севкупно 707.301 заразен од почетокот на пандемијата, Русија е на седмото место во светот, а од нив 481.316 лица веќе оздравеле. Русија бележи ниска стапка на смртност во споредба со другите големи земји со висок број заразени, и според министерството за здравство досега од Covid-19 починале 10.843 луѓе.