Свет
24. July 2020 - 18:16

Русија од 1 август продолжува со меѓународните летови

Русија од 1 август продолжува со некои меѓународни летови, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова, но списокот на дестинации ќе биде ограничен на Танзанија, Турција и Велика Британија.

Меѓународните летови беа приземјени на 30 март, по воведувањето на карантин заради поефикасна борба против ширењето на коронавирусот, од кој досега во земјата се заразија 800.000 лица.

Голикова кажа дека, со оглед на намалувањето на бројот на заразени, Русија продолжува со летови од аеродромите во Москва, Санкт Петербург и Ростов на Дон. Од 1 август продолжуваат летовите за Лондон во Велика Британија, турските градови Истанбул и Анкара и островот Занзибар, во Танзанија.

-Од 10-ти август ќе бидат додадени повеќе туристички дестинации во Турција, соопшти Голикова.

Таа додаде дека Русија ќе се погрижи продолжувањето на летовите „да не доведе до нови увезени случаи на руска територија“.