Свет
30. јуни 2016 - 16:00

Русија очекува компензација од Анкара за соборениот авион пред целосно обновување на односите

Москва очекува компензација од Анкара за соборениот руски авион пред целосно обновување на руско-турските односи, посочи рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, пренесоа британските медиуми.

-Владимир Владимирович јасно ги посочи нашите услови, кои ќе дадат можност за обновување на нашите билатерални односи: извинување, казна за виновниците и компензација, рече Карлов, имајќи ги предвид условите, што ги претстави рускиот претседател Владимир Путин.

„Првиот услов веќе се случи, сега ние ги очекуваме вториот и третиот“, додаде тој.