Свет
16. April 2019 - 13:43

Русија: Норвежанец осуден за шпионажа на 14 години затвор

Суд во Москва денеска го прогласи Норвежанецот Фроде Берг за виновен за шпионажа и го осуден на 14 години затвор.

Пензионираниот норвешки граничен инспектор беше уапсен во Москва во декември 2017 година. Тој беше обвинет дека собирал информации за руските нуклеарни подморници за потребите на Норвешката разузнавачка агенција .

Берг ги отфрли обвиненијата, а неговиот адвокат тврди дека бил „жртва на местенка”.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела за можното помилување на Норвежанецот рече дека прво ќе ја почека пресудата.

Берг ќе отслужи затворска казна со висок степен на безбедност.

На почетокот на судењето, обвинителката изјави дека Берг бил фатен на дело со документи, кои ги добил од вработен во воен објект, а кој долго време бил следен од руската разузнавачка служба.