Свет
1. March 2021 - 13:02

Русија: Немаме доволно вакцини за сите што сакаат да ги купат

Официјална Русија не остана должна никому за барањето за купување вакцини, но во моментов нема капацитети да се прифатат сите барања, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Тој го коментираше барањето на претседателот на Чешка Милош Земан да купи вакцини Спутник V од Русија, пренесе ТАСС.

– Русија внимателно реагира на секое барање и се обидува да обезбеди што е можно повеќе вакцини на земјите кои се соочуваат со недостиг на дози. Имаме премногу барања, а нашите производствени капацитети не се толку големи за да ги прифатиме барањата на сите, објасни Песков.