Свет
8. April 2017 - 17:00

Русија негира дека испратила воена делегација кај талибанците

Министерството за надворешни работи на Русија денеска ја негираше информацијата објавена во дел од авганистанските медиуми дека руска воена делегација наводно ги посетила камповите за обука на талибанците во пакистанскиот регион Северен Вазиристан на границата со Авганистан.

- Руска делегација предводена од заменик шефот на Генералштабот, генерал полковник Истраков имаше уште една рунда консултации со генералштабовите во Равалпинди во Пакистан. Пакистанската страна организираше презентација на развојот на безбедносната ситуација во Исламска Република Пакистан, при што се демонстрирани резултати од антитерористичката операција во Зарб-е-Азб, со која продолжува антитерористичката операција изведена во 2014 година во Северен Вазиристан, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Исто така се посочува дека на „Русите им е пружена прилика да го посетат главниот град на Северен Вазиристан, Мираншах, каде им се покажани делови од градот ослободени од терористите“.