Русија не е сериозно ослабена од војната во Украина, тврди естонскиот министер за одбрана
– Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур изјави дека не мисли оти Русија е сериозно ослабена од војната во Украина, јави ДПА.
„Мораме да бидеме искрени и јасно да кажеме дека руската морнарица и руските воздухопловни сили се приближно големи колку што беа пред војната“, изјави Певкур за ДПА за време на неговата посета на Берлин.
Иако руските копнени сили изгубија многу луѓе, тие порано или подоцна ќе го вратат својот број од пред 24 февруари, истакна естонскиот министер.
Покрај тоа, Русија ќе учи од своето искуство во Украина.
„Нема причина да се мисли дека заканата од Русија е намалена“, нагласи Певкур.
Естонија планира да потроши 2,84 отсто од својот бруто домашен производ за одбрана следната година и 3,2 отсто од својот БДП во 2024 година, рече министерот.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата