Свет
28. October 2016 - 21:10

Русија не е реизбрана во Советот на ОН за човекови права

Русија не е реизбрана во Советот на ОН за човекови права за време на денешното гласање во Генералното собрание на ОН за избор на нови членови со тригодишен мандат од 2017 година.

Наместо таа држава, ГС на ОН ги избра Унгарија и Хрватска да ја претставуваат Источна Европа во тој совет.

Повеќе од 80 хуманитарни организации и организации за човекови права побараа неодамна од членките на ОН да не биде избрана Русија во Советот на ОН за човекови права поради воените акции на Москва во Сирија.

Советот на ОН е формиран во 2006 година со задача да следи кршење на човековите права и особено да формира комисија за истрага во Северна Кореја.