Свет
22. January 2016 - 11:02

Русија најави формирање на четири нови воени дивизии во 2016 година

Русија годинава ќе формира четири нови воени дивизии за да ги засили своите западни и источни региони, пренесоа денеска руските медиуми.

Руските медими, кои се повикуваат на повеќе официјални претставници во руското Министерство за одбрана, наведуваат дека дивизиите ќе претставуваат одговорот на вежбите на НАТО, пренесува Танјуг.

- Формирањето на овие дивизии е мерка што се презема како одговор на зголемениот интензитет на вежби меѓу земјите членки на НАТО, што неодамна беше забележан, изјави главниот комадант на руските копнени сили, Олег Салиуков, пренесоа руските меидуми.