Свет
23. November 2015 - 14:53

Русија му испорачува на Иран ракетен систем С-300

Русија, според претходно потпишаната спогодба почна процедура за снабдување на Иран со ракетни системи С-300, изјави денеска иранскиот амбасадор во Москва, Мехди Санаеи. 

- Иран и Русија потпишаа нов договор и почнаа процедура за испорака на ракетниот систем С-300, рече Санаеи. 

Иран и Русија на 9 ноември потпишаа договорм согласно кој Москва треба на Техеран да му испорача ракетен систем С-300 земја-воздух.