Русија кон МВС лансира модернизиран вселнски брод со руско-американск-јапонски екипаж
Руска ракета-носител утринава успешно беше лансирана од космодромот Бајконур кон Меѓународната вселенска станица, со првиот вселенски брод од новата серија „Сојуз МС“, во кој се наоѓаат тројца космонаути - Русин, Американка и Јапонец, пренесе ТАСС, цитирајќи ја прес службата на државната руска корпорација „Роскосмос“.
Неколку минути по лансирањето бродот се оддели од третиот степен на ракетата-носител „Сојуз-ФГ“ и го зазеде курсот кон МВС. Се очекува во сабота наутро тој да се закачи за рускиот сегмент на станицата.
Модернизираниот вселенски брод кон МВС ги однесе Русинот Анатолиј Иванишин, Американката Кетлин Рубенс и Јапонецот Такуја Ониси. За Рубенс и Ониси ова е прв вселенски лет, додека за Иванишин - втор. Русинот во вселената леташе и во 2011-2012 година и тогаш таму мина 165 деноноќиа.
Модифицираниот брод „Сојуз МС“ е резултат на целосната модернизација на бродовите од серијата „Сојуз ТМА-М“. Располага со нов командно-телеметриски систем, нов систем за доближување и закачување и со друга посовршена опрема. Во бродовите од новата серија има и подобрен систем за електронапојување, а сончевите батерии се помоќни.
Првото лансирање на новиот брод требаше да се одржи уште во мај, но повеќепати беше одложувано од различни причини.
Ново на Сител
-
Анализа: Дали со донацијата на авионите и тенковите се менува стратешката формација на АРМ?
-
Клековски: Зголемувањето на платите на функционерите е целосно неприфатливо
-
Тема на денот со Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-
Коморскиот инвестициски фонд го прогласи „Алкалоид“ за водечки инвеститор во регионот
-
Укинатите членови од Законот на функционерите им овозможија 78% зголемување на плата
-
Здравствените работници добија ново ветување за повисоки плати
-
Обвинителството ги сослушува сите кои имаат информации за смртта на Јана
-
Каков ефект може да има инфузија во различен вид на дехидрираност