Свет
25. August 2019 - 14:51

Русија ќе разгледа евентуален повик за влез во Г7 на следниот самит во САД

Кремљ ќе размисли за повик до Русија за учество на следниот самит на Г7 во САД доколку го добие, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„На прес-конференцијата, претседателот Путин веќе одговори дека ако (поканата) пристигне, ние дефинитивно ќе ја разгледаме“, рече Песков.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Биариц дека е „сигурно можно“ Русија да биде поканета на следниот самит на Г7, што ќе се одржи во САД.