Свет
14. March 2019 - 14:22

Русија ја зајакнува флотата со две нуклеарни подморници

Русија планира својата флота годинава да ја зајакне со две нуклеарни подморници, потврди рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Подморниците „Казан “ и „Принц Владимир“ се опремени со нуклеарен арсенал и тие ќе бидат вклучени во руската флота пред крајот на 2019 година, истакна Шојгу.

Тој додаде дека новите подморници „ќе ја дефинираат идната слика за руските подморници и ќе овозможат зголемување на рускиот одбранбен систем и ќе ја зајакнат позицијата на Русија во океаните“.

Конструирањето на подморницата „Казан“ почна пред десет години, а првпат вплови во 2017 години, а до сега беше тестирана. Додека конструирањето на „Принц Владимир“ почна во 2012 година, а беше завршена во 2017 година кога и вплови.

Двете подморници се модернизирана верзија на претходните модели – 885 и 955. „Казан“ носи крстосувачки ракети „Килибар“ и „Оникс“, а „Принц Владимир“ е опремен со ракетите РСМ-56 „Булава“, познати и како „СС-НХ-30“.

Русија до 2021 година предвидува да вклучи уште неколку нуклеарни подморници во својата флота.