Свет
8. November 2017 - 13:11

Русија ја предупреди Украина да не ги прекинува дипломатските односи

Русија денеска предупреди дека евентуалната одлука на Украина да ги прекине дипломатските односи со Москва ќе им наштети на интересите на граѓаните на двете земји, како и на мировниот процес за источна Украина.

Украина следната недела ќе разгледа предлог закон кој содржи одредби за прекин на дипломатските односи со Русија.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков изајви дека одлуката да за прекин на односите е несомнено суверено право на Украина. 

- Киев во изминатите години донесе повеќе решенија со крајно негативни последици кон конфликтот во југоисточните региони на земјата, изјави Песков.