Свет
21. јуни 2016 - 10:28

Русија изврши успешен тест на противракетниот систем

Русија денеска на полигонот Саришаган во Казахстан го тестираше својот противракетен лансер со краток дострел, јави ТАСС.

- Овие испитувања на противракетниот систем се со цел проверка на тактичко-техничките стандарди, поставени од руските Воздухопловно-вселенски сили, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Во соопштението се додава дека моментно рускиот систем за противоракетна одбрана се развива и модернизира, за да се прошират неговите боеви потенцијали.