Свет
16. August 2016 - 11:19

Русија испрати авиoни Ту-22 во иранска база

Русија денеска испрати воени авиони „Тупољев-22“ во воздухопловната база во иранскиот град Хамадан. Авионите од базата ќе извршуваат напади врз позициите на милитантите во Сирија, објави телевизијата „Русија 24“.

Но, телевизијата наведе дека не е познато колку воени авиони се испратени во Иран.

„Русија 24“ објави снимка на кој се гледаат најмалку три бомбардери и еден руски воен транспортен авион, но не е познато каде е снимено.