Свет
23. јуни 2017 - 12:09

Русија: ИД има складишта со оружје во сириската провинција Хама

Терористичката група Исламска држава испраќа свои борци во сириската провинција Хама, каде што располага со командни пунктови и складишта за оружје и муниција, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Џихадистите од ИД се движат ноќе, по различни маршрути, користејќи ја комплексноста на теренот, за да не бидат забележани и уловени.

Како што јави ТАСС, командата на руските армиски трупи во Сирија деноноќно ги набљудува движењата на терористите, со помош на повеќе методи на разузнавање.