Русија и Турција договориле воено-разузнавачка размена на податоци
За време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Анкара, на 10-ти месецов, била договорена разузнавачка соработка меѓу Русија и Турција, јави денеска турската приватна НТВ.
Според рускиот весник „Известија" пак, којшто се повикува на руски воено-дипломатски извори, Русија ќе им предаде на турските власти разузнавачки информации кои ќе бидат употребени во операцијата „Еуфратски штит" која турските сили ја спроведуваат во Сирија.
Весникот го цитира и првиот заменик претседател на Комисијата за одбрана и безбедност при Советот на федерацијата, Франц Клинцевич, кој изјави дека и Турција стана дел од неофицијалната група за разузнавачка соработка, заедно со Русија, Сирија, Ирак и Иран.
Клинцевич во таа прилика ја пофалил разузнавачката мрежа на Турција во Сирија, додава изворот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација