Свет
1. јуни 2018 - 9:18

Русија и Северна Кореја се договорија за средба на највисоко ниво

Северна Кореја и Русија договорија средба на највисоко ниво за оваа година која ќе биде поврзана со годишнината од воспоставувањето дипломатски доноси меѓу двете држави, јави севернокорејската агенција КЦНА.
 
Договорот бил постигнат за време на состанокот во Пјонгјанг меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун.
 
Тие се договориле да бидат „активирани сите контакти на највисоко ниво и соработка во различни сфери, како и средба на лидерите на двете држави годинава кога се одбележуваат 70 години од воспоставување дипломатски односи меѓу двете држави“.
 
Ким пред Лавров го потврдил целосното ангажирање за денуклеаризација на Корејскиот полуостров и истакнал дека проблемите во односите меѓу Северна Кореја и САД ќе бидат решавани „етапно“.