Свет
11. May 2020 - 16:31

Русија и САД разгледуваат соработка околу пандемијата на коронавирусот

Русија и САД разгледуваат соработка околу пандемијата на коронавирусот, изјави за Тасс рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Според него, Москва и Вашингтон наскоро би можеле да почнат да соработуваат и да се поддржуваат едни со други за борба против коронавирусот и во тек се разговори ма таа тема.

– Прашања за помош и соработка во рамки на специјалните агенции од таа област се на агендата на нашиот дијалог, нагчаси Рјабков.