Свет
2. November 2017 - 11:46

Русија и продаде на Турција ПВО систем С- 400 вреден над 2 милијарди долари

Русија и продаде ракетен систем за противвоздушна одбрана С-400 на Турција, за над 2 милијарди долари, изјави денеска Сегеј Чемезов, директор на руската државна корпорација „Ростех“.

Договорот со Турција, членка на НАТО, предизвика одредена вознемиреност во САД.

Турција пред четири години порача систем за одбрана од Кина, вреден 3,4 милијарди долари, но го откажа во 2015, со образложение дека ќе се концентрира на развој на домашен систем.