Македонија
18. May 2021 - 16:59

Русија и Кина го користат доцнењето на ЕУ

Со испораката на вакцини Кина и Русија го искористија доцнењето на Европската унија и докажаа што може да се случи кога Европа остава празнини на својата територија. Со овој пример амбасадорките на САД и Германија во земјава  испратија порака дека само интегриран Западен Балкан може да ја зголеми безбедноста и просперитетот на европското семејство, а Македонија час поскоро треба да ги почне преговорите.

Кинеските амбиции оправдано будат страв кај Европската унија е ставот и на безбедносните експерти, бидејќи унијата полека го губи кредибилитетот помеѓу граѓаните во сите земји од регионот.

Сите овие пораки беа испратени од регионалната школа за безбедност посветена на интеграцијата на земјите од регионот, која 6та година по ред ја организира фондацијата Конрад Аденауер.