Свет
3. November 2017 - 18:18

Русија го зајакнува военото присуство на Арктикот

Русија ќе го зајакне военото присуство на Арктикот и ќе распореди нови противракетни системи, соопшти командантот на Северната флота на руската Воена Морнарица, вицеадмиралот Николај Евменов. 

- На сите острови на Арктикот, каде има бази на Северната флота, се изградени нови аеродроми, кои функционираат цело време и на нив можат да долетаат секакви авиони, изјави Евменов. 

Тој посочи дека во моментов Русија создава системи за воздушно и морско набљудување во регионот. 

- На пат сме да обезбедиме целосна конотрла на воздушниот простор во нашата зона во Арктикот, нагласи рускиот вицеадмирал. 

Во текот на последните година, Русија значително го зголеми военото присуство на Арктикот.