Свет
27. January 2016 - 15:23

Русија ги предупреди своите граѓани дека можат да бидат киднапирани во Турција

Руската агенција за туризам „Ростуризам“ предупреди денеска дека припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) планираат киднапирање на руски граѓани во Турција.

- Лидери на терористичката ИД планираат да киднапираат руски државјани во Турција, се наведува во соопштението.

Како што се објаснува во соопштението, „заложниците би можеле да бидат однесени на територија која е под контрола на екстремистите и да бидат јавно егзекутирани или да се употребат како човечки штит во Сирија“.

„Ростуризам“ им порача на руските туристи да ги преземат сите потребни мерки за гарантирање на својата безбедност.