Свет
7. October 2015 - 19:31

Русија ги обвини САД дека често пати не ги погодуваат терористичките цели во Сирија

Руското Министерство за одбрана денеска реагираше на критиките од страна на САД за руската военовоздухопловна кампања во Сирија, обвинувајќи ги американските военовоздухопловни сили дека самите не секогаш ги бомбардираат објектите на џихадистичката група Исламска држава, пренесе ТАСС.

-Американските и други военовоздушни сили веќе една година изведуваат напади,  но ние имаме основаност да претпоставуваме дека тие не секогаш, и поточно, многу често не нанесуват удари врз терористички цели, изјави портпаролот на министерството генерал-мајор Игор Конашенков.

Тој ова го изјави во коментар за изјавата на американскиот министер за одбрана Ештон Картер за руските напади во Сирија.

Шефот на Пентагона уште еднаш кажа дека руските воздушно-вселенски сили продолжуваат да изведуваат напади врз цели кои не се на Исламска држава. 

-Должни сме да кажеме дека... тоа не е така. Ние удираме само врз терористите, рече Конашенков во одговорот на прозивката.