Свет
5. August 2019 - 17:02

Русија: Експлозија во складиште за муниција, наредена евакуација на населението

Четири лица се повредени во експлозија што се случи денеска во складиште за муниција во воена база во рускиот регион Краснојарск. Министерството за вонредни состојби нареди евакуација на населението во радиус од 20 километри.

Евакуирано е населението што живее во близина на военото складиште во Ачинск.

Според шефот на округот Евгениј Росангугов, се уште има експлзоии и на никој не му е дозволено да пристапи кон складиштето. 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dim (@prosk24) on