Свет
9. May 2016 - 8:46

Русија: Девет лица, меѓу кои пет деца, загинаа во пожар

Девет лица, меѓу кои пет деца, загинаа во пожар во својот дом во рускиот град Сухој Лог, јави ТАСС. 

Пожарот избувнал околу полноќ во куќата во која живеело семeјството и уште едно семејство кој престојувало кај нив. 

Пожарникарите, кои успеале да го изгаснат пожарот два часа подоцна, успеале да спасат едно лице. 

Според првичните информации, пожарот избувнал поради неисправни уреди за затоплување.