Свет
13. December 2016 - 8:56

Русија барала одлагање за неколку дена на примирјето за Алепо, но САД не се согласиле

Русија му предложила на Вашингтон на преговорите во Женева одлагање за неколку дена на примирјето во Алепо, но САД не се согласиле поради нападите врз цивили, соопшти Стејт департментот.

– Наместо да го прифатат американскиот предлог за итен прекин на огнот, Русите не информираа дека почеток на примирје може да има по неколку дена што значеше дека нападите на режимот и оние кои го поддржуваат, ќе продолжат, пред да влезе во сила таков договор, изјави Џејмс Кирби, портпарол на Стејт департментот.

– Поради тешката ситуација во Алепо и соопштенијата за нови напади врз цивили и инфраструктура, тоа беше неприфатливо, додаде тој.

Според него, руски и американски претставници продолжуваат со преговори во Женева, но засега нема приближување на ставовите.