Свет
23. December 2017 - 14:48

Русија: Американската одлука ќе го предизвика Киев да употреби сила

Одлуката на Вашингтон за снабдување на Украина со оружје, ќе го испровоцира Киев да употреби сила во конфликтот во источна Украина, предупреди денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Григориј Карасин.

Американските медиуми, повикувајќи се на официјални лица, пренесоа дека владата на САД го одобрила планот за испорака на смртоносно оружје на Украина со цел да ја засили украинската армија, која се бори сепаратистите поддржани од Русија.