-->
-->
Русија: Ако САД испратат тенкови во Украина, тоа е очигледна провокација
-->
Можната испорака на борбени тенкови од страна на Вашингтон за Украина ќе биде „уште една очигледна провокација“ против Русија, изјави рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов.
– Очигледно е дека Вашингтон намерно се обидува да ни нанесе стратешки пораз, рече Антонов во забелешките на амбасадата објавени на Телеграм.
– Ако САД решат да испорачаат тенкови, тогаш оправдувањето на таков чекор со аргументи за „одбранбено оружје“ дефинитивно нема да успее. Тоа би било уште една очигледна провокација против Руската Федерација, додаде тој.
„Вол Стрит Џурнал“ вчера информира дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е сè поблиску до одлуката за испраќање на моќните американски тенкови „Абрамс“ во Украина, додавајќи дека одлуката би можела да биде соопштена уште неделава.
Белата куќа не сакаше да го коментира написот, но весникот наведува дека „одлуката за испраќање на тенковите „Абрамс“ би била дел од поширок дипломатски договор, во чии рамки Берлин ќе објави испраќање на помал број свои тенкови „Леопард 2“ во Украина и во исто време ќе ги овласти Полска и другите земји да испратат тенкови „Леопард“ во Украина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економската логика во енергетиката на СДС е загуба
-
Рекордно висок одѕив на изборите за претседател на Чешка
-
СДСМ: Милитаристичките изјави на Мицкоски покажуваат дека е заложник на Апасиев
-
СДСМ: Ковачевски успешно се справи со енергетската криза, извезуваме струја во јануари
-
Европратеници велат дека Србија ќе биде Иран во Европа доколку не се прифати договорот
-
Сообраќајот се одвива непречено, на места намалена видливост поради магла
-
ВМРО-ДПМНE: Како дојдовме до тоа “маргиналците“ од Бугарија да станат тема на Совет за безбедност
-
Ковачевски: МВР ќе направи проценка за евентуални гости од Бугарија