Loading Video...
Фудбал
9. April 2020 - 17:45

Румениге најавува - На почетокот на мај продолжува Бундес лигата

Откако веќе втора седмица екипите во германската Бундес лига се вратија на тренинг процесот, разбирливо под посебни мерки, денеска нова убава вест од Германија. 

Карл-Хајнц Румениге првиот човек на Баварците денеска информираше дека голема е веројатноста првенството односно Бундес лигата да продолжи точно за еден месец, односно  9-ти мај.

- Датумот е определен. Се зборува за 9 мај, дека ќе продолжи лигата, а ние како клуб тоа го поддржуваме. Сакаме што побрзо да се продолжи со натпреварувањето затоа што ТВ правата имаат огромно влијание околу функционирањето на клубовите. Без тие средства не можеме да функционираме. Сепак чекаме зелено светло од германската влада, изјави Румениге

Иако Германија е четвртата земја во светот според бројот на заболени од Кови-19, а бројката достигнува речиси 140.000 луѓе, се поизвесно дека Германците меѓу првите ќе ја продолжат прекинатата сезоната.