Румениге: Левандовски сигурно ќе остане во Баерн
Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, изјави дека клубот нема намера да се раздели со полскиот напаѓач Роберт Левандовски и дека голгетерот сигурно останува нивни член.
Румениге потсети како во 2008 година, Челзи нудеше многу пари за Френк Рибери, но тој остана во Минхен.
- Сакам да се сетам на 2008 година, кога имавме одлична понуда од Челзи за Франк Рибери. Тогаш целиот свет сфати дека не можете да купите играч на Баерн без согласност од клубот. Ист е и случајот со Левандовски. Сигурен сум 100 отсто дека и во следната сезона Левандовски ќе игра за Баерн, потенцира Румениге.
По ова изјава на Румениге, останува да се види дали Реал Мадрид ќе се откаже од полскиот напаѓач кој требаше да биде замена за Карим Бензема кој зад себе има сезона под очекувањата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација