Рудникот „Злетово“ го рестартира производството
Рудникот за олово и цинк „Злетово“ - Пробиштип од денеска повторно ќе почне со работа. Производството во рудникот ќе го обнови новиот концесионер, бугарската компанија „Минстрој“, која согласно договорот со македонската Влада треба да го рестартира и рудникот „Тораница“ - Крива Паланка.
На јавниот повик од Владата за доделување концесија за експлоатација на минерални суровини за „Злетово“ и „Тораница“, по прогласувањето стечај и ликвидација од претходниот концесионер „Индо минерали“, „Минстрој“ достави највисока понуда. Ќе ги менаџира „Злетово“ и „Тораница“ за годишна концесија од два милиони евра.
За рестартирањето на рудниците, „Минстрој“ во Македонија ја основаше фирмата „Булмак 2016“.
На потпишувањето на договорот со Владата во април годинава раководството најави дека ќе ги рестартира рудниците, ќе ги задржи на работа 1.000-те вработени и оти ќе ги исплати заостанатите плати.
Свеченоста по повод рестартирањето ќе се одржи на платото за истовар на руда во „Злетово“, каде ќе се обрати министерот за економија Дритон Кучи.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та