Бизнис
30. јуни 2016 - 19:37

Рудникот Иловица е сериозна инвестиција во југоисточна Македонија

Инвестицијата на конзорциумот Евромакс во рудникот Иловица, вредна половина милијарда евра ќе биде најголема во Југоисточна Европа. Станува збор за сериозен инвеститор, кој ќе ангажира 1,000 работници во градежните актовностии  600 кога ќе почне  фазата на ескплоатацијата на злато и бакар од овој рудник. Според премиерот Димитириев, направени се сите неоходни  испитувања за заштита на животната средина

- Согласно нашите процедури, инвеститорот е должен до Министерството за животна средина и просторно планирање да достави елаборат за оценка на влијанието на животната средина. Од страна на конзорциумот „Евромакс“ е доставен поставениот елаборат, на кој имаат работено експерти од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, биле ангажирани и домашни компании, Музејот од Струмица, УХРМ, Водостопанство-Струмичко поле, рече Димитриев. Додаде дека во студијата биле вклучени релевантни странски компании кои досега работеле на изработка на студии за рудници за злато и за бакар.– Оваа инвестиција ќе значи огромен препород за Република Македонија на планот на извозот, на севкупното економско работење и на ангажирање нова работна сила, рече Димитриев. Додаде дека ја поздравува одлуката на инвеститорот, зад кој стојат Европската банка за обнова и развој и Германскиот гарантен фонд.

Одговарајќи на пратенички прашања Димитриев изјави дека е здоволен и од реконструкцијата и изградбата на регионални и експресни патишта. Се работи на 15 низ цела Македонија, динамиката е согласно планираното и најголем дел од нив ќе бидат готови до крајот на годината.

За наредната , се очекува да се започне и со изградба на регионалните правци Пробиштип – до ски лифтот Пониква, Крива Паланка-  рудникот Саса, и  Македонска Каменица Тораница и Кичево – Дебар, во вкупна вредност од над 40 милиони евра.