Кошарка
20. November 2020 - 9:57

Рубио по три години се врати во Минесота

Минесота и Оклахома направија размена која резултираше со враќање на Рики Рубио во „Тимбервулвс“.

Покрај 30-годишниот Шпанец, Минесота ги доби и 25. и 28. избор на НБА-драфтот во 2020 година, додека 17-от пик, сопственост на Тимбервулфс, отиде во Оклахома.

Рубио беше избран од Минесота на НБА драфтот во 2009 година. Во 2017 година „волците“ го тргуваа со Јута.