Балкан
15. August 2018 - 8:37

Руаири О’Конел: Границите се пишуваат со зборови, но се менуваат со куршуми

Британската влада е категорично против идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи за поделби на територии, изјави синоќа амбасадорот на Велика Британија во Косово Руари О’Конел, во интервју за приштинската телевизија Т7. 

- Границите се пишуваат со зборови, но се менуваат со куршуми, изјави О’Конел, додавајќи дека промената на границата меѓу Косово и Србија би предизвикала и други преседани на Балканот.

Тој, како што јави дописникот на МИА од Приштина, рече дека не ја гледа разликата меѓу „корекција на границата“, како што тоа го нарекува Тачи, и размена на територии.

Според О’Конел, нормализација на односите меѓу Косово и Србија во моментов нема, но финалниот дијалог и конечниот договор тоа бездруго ќе го донесат.