РТС: Доброволен рок во Србија служат 57 жени
Од 1 декември доброволно служење воен рок во Србија почнале 385 војници меѓу кои и 57 жени. Тие војниот рок ќе го служат шест месеци, а причината е помош за професионалните војници и подмладување на резервниот состав, јави РТС.
Декемвриската класа своите први војнички денови ги минува во центрите за обука во Војската на Србија во Сомбор, Ваљево и во Лесковац. Војниците ќе добиваат паричен надомест – вкупно околу 800 евра за шесте месеци.
Во Србија моментно има околу 9.000 професионални војници. Платата им е околу 32.000 денари без надомест за дежурства.
РТС објави дека од 2011 година откако во војска се оди доброволно, секоја огдина околу 1.600 млади минуваат воена обука. Претходно, кога тоа беше опбврска, годишно на служење воен ток заминуваа и до 20.000 регрути.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто