РТК2: Српска листа ќе предводи три ресори во новата косовска Влада
Коалицијата на Демократската партија на Косово (ПДК) - Алијанса за иднината на Косово (ААК) и -Иницијатива, освен што ги обезбедија трите гласа на пратениците од Алијанса Ново Косово (АКР) (Беџет Пацоли, Ислам Пацоли и Лабинот Тахири) за постапката за ибзор на претседател на Собранието на Косово и за премиер може да смета и на гласовите на девет пратеници од Српска листа, пренесе РТК2.
Според извори на порталот Телеграфи, додека претходно Србите бараа позиција на потпретседател - која во моментов не постои, но за која планираат да добијат уставни промени - сега, како што се наведува , тие ќе добијат и три министерства.
Станува збор за Министерството за локална самоуправа, Министерството за заедници и враќање, како и Министерството за земјоделие, кои ги бараа пратениците на Иницијатива за Косово.
Ново на Сител
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи