РТК: На 15 јануари на Вокер ќе му биде подигнат споменик во косовското село Рачак
Косовските власти завршуваат со подготовките за подигнување споменик на шефот на Косовската верификациска мисија на ОБСЕ, Вилијам Вокер, на 15 јануари идната година во селото Рачак.
Според РТК, косовските Албанци на тој начин сакаат да му изразат „благодарност и почит на Вокер за неговиот придонес во доказите дека во Рачак се убиени цивили, а не екстремисти“.
Споменикот на американскиот дипломат „ќе биде подигнат на 18-годишнината од масакрот во Рачак“, наведува медиумот.
Во селото Рачак беа пронајдени тела на 45 Албанци за чие убиство тогашната мисија на ОБСЕ на чело со Вокер, без докази ги обвини српските сили за безбедност. Тој настан, иако никогаш не е утврдено дека се работи за масакр врз цивили, пресудно влијаеше за донесување одлука за бомбардирање на поранешна СР Југославија, јави Танјуг.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите