РСС доделува грантови во вредност од 750 илјади евра за развој на туризмот во Западен Балкан
Регионалниот совет за соработка (РСС) објави нов повик за доставување понуди за грантови за развој на туризмот на Западен Балкан во вредност од 750 илјади евра, бесповратни средства на ЕУ.
Парите ќе бидат доделени на околу 14 проекти кои ќе бидат селектирани како најуспешни, со поединечна вредност од околу 54 илјади евра по проект. Крајниот рок за аплицирање е 12 јули.
Во сите шест држави од Западен Балкан, вклучувајќи ја и нашата земја, од 12 до 20 јули ќе се одржат информативни денови наменети за заинтересираните правни лица. Информативниот ден во Скопје ќе биде на 18 јуни во хотелот „Александар Палас“.
Станува збор за втор повик за грантови од проектот чија вкупна вредност е пет милиони евра.
Третиот повик се очекува во септември годинава.
Целта на програмата за доделување на овие финансии на РСС е развој и промоција на заедничката регионална понуда на културолошкиот и авантуристичкиот туризам на Западен Балкан, со цел привлекување на што поголем број туристи од Европа и светот, нивно подолго задржување во регионот и зголемување на приходите и бројот на вработените во туризамот.
Неодамна, генералната секретарка на РСС Мајлинда Брегу посочи дека туризмот има побрз раст на Западниот Балкан од другите гранки и дека опфаќа 14 отсто од вкупниот број на вработените, кои минатата година пречекале 12 милиони туристи.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација