РОЗЕВИОТ ДИЈАМАНТ

Loading Video...

“Розевиот дијамант” е во продукција на гигантот Телемундо, кој ги создаде популарните Скриени страсти, Барајќи го тато, Циганки, Анали, Марина, Зоро…

Во почетокот на приказната се запознавме со Росаура, префинетата сопруга на Едуардо Сотомајор, претседател на една од најголемите мексикански компании. Но, оваа навидум безгрешна дама има љубовник, а од таа врска сосема неочекувано и непланирано, Росаура забременува и раѓа
девојче.

Поради тоа што се работи за дете од љубовникот, Росаура одлучува да се ослободи од детето и затоа ѝ плаќа на огорчената и таинствена Ракел да го тргне бебето. Ракел го остава девојчето во интернат за девојчиња, заедно со 18 бели и еден розов дијамант. Со секој бел дијамант е платена
една година од сместувањето на девојчето во интернатот, а последниот, розовиот дијамант треба да се предаде оној момент кога девојчето ќе стане полнолетна. Директорката на интернатот, Мис Хелен и нејзиниот љубовник и соучесник Рамон ѝ го даваат името Роса на оставеното девојче.

Годините поминуваат, а Роса од симпатично девојче прераснува во преубава девојка. За неа најголемото богатство се соништата, а во интернатот се дружи со Ева, која е нејзина најдобра пријателка. Ева е во врска со Хосе Игнасио Алтамирано, млад претседател на фирма која е конкуренција на семејството Сотомајорови. Од таа врска, Ева останува бремена, но по породувањето, се случува голема трагедија и таа умира.

За да го исполни аманетот даден на покојната другарка, Роса е приморана да започне нов живот. Го презема нејзиниот идентитет и грижата за штотуку роденото синче, па затоа е решена да му се одмазди на богатиот Хосе Игнасио, убедена дека токму тој е одговорен за смртта на Ева. Меѓутоа,
играта на одмазда за кратко време се претвора во љубов, а кога добро криените тајни ќе испливаат на површина, Роса ќе сфати дека животот за кој мислела дека не ѝ припаѓа ѝ е всушност многу близок.

Роса е на чекор до големото откритие, на чекор до вистината за нејзиното биолошко семејство….

Улоги: Carla Hernandez (Ева/Роса), Mauricio Ochmann (Хосе Игнасио), Lupita Ferrer (Росаура), Sofia Lama (Андреа), Marco De Paula (Херардо Јуниор).