Џет-Сет
17. October 2016 - 9:10

Роуз Мекгоуан: Бев злоставувана од познат филмаџија

Глумицата Роуз Мекгоуан, позната по улогите во телевизиската серија „Волшебнички“ и филмот „Куќа касапница“ на Квентин Тарантино, во една Твитер дискусија околу силувањето, призна дека била злоставувана од свој многу познат колега.

- Време е за малку вистина. Тоа беше јавна тајна во Холивуд, мене ме посрамотија, а на напасникот му се потпикнуваа. Адвокатката ми рече дека никогаш нема да го добијам на суд тој влијателен филмаџија, оти се работеше за филмска секс-сцена, напиша таа во коментар дополнет со хаштаг „Зошто жените не признаваат“.

Понатаму глумицата откри нешто уште пошокантно...

- Моето поранешно момче на силувачот му продаде наша снимка, за овој да мможе да ја дистрбуира, додаде Мекгоуан.