Македонија
14. September 2018 - 16:11

Рот: Уникатна шанса да ги отворите вратите на НАТО и ЕУ

Македонците испишуваат историја и тоа не само национална туку европска . Со Договорот потпишан со Грција за надминување на разликите околу името имаме уникатна шанса и наскоро очекувам Македонија да ја видам во групата пријатели во ЕУ и НАТО истакна министерот за Европа при Германското министерство за надворешни работи Михаел Рот на дебатата во Охрид на тема Македонија на патот кон ЕУ.

Министерот за надворешни Димитров смета дека референдумот ќе успее бидејќи пораките се јасни и никој незнае дали ќе има следна шанса со оглед на тоа што договорот тешко поминува и во Грција тоа значи дека едвај е најден заеднички јазик додавајќи дека станува збор за целосно натпартиско прашање.

Шефот на македонската дипломатија Димитров потенцира дека посетите на канцеларката Меркел ,денешната посета на Рот како  и веќе најавените на министерт за надворешни министерката за одбарана се поврда за силниот интерес од страна на Германија Македонија конечно да застане на нозе и да зачекори напред.