Рот: ЕУ со заедничка позиција кон Русија
Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот ја повика денеска Европската унија да усвои единствен фронт кон Русија, со цел намалување на тензиите.
За германскиот весник „Велт“, Рот рече дека санкциите на ЕУ против Русија треба да се одржат, но со цел Русија да се доведе на преговарачка маса.
- Санкциите не се цел сама за себе, оцени германскиот министер.
- Тие треба да ги охрабрат луѓето да се вратат на преговарачката маса, да работат на усвојување разумни решенија. Антируските рефлекси се опасни, како што е опасна и наувната релативизација на националистички обоената политика на руските власти, оцени Рот.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер вчера предупреди дека не треба да се демонизира Русија и укажа на „галопирачкото отуѓување“ на Москва и западните земји.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година