Македонија
16. February 2020 - 21:33

Рот: Донесен Законот за ЈО, сега е ред на ЕУ да испорача

Сега е на ЕУ конечно да испорача, откако Македонија го усвои Законот за Јавно обвинителство, напиша на Твитер германскиот министер за европски прашања, Мајкл Рот.

Добри вести од нашите пријатели од Македонија: Парламентот штотуку го усвои двотретинскиот Закон за Јавното обвинителство. Натамошен чекор кон владеењето на правото и европската иднина на Македонија. Сега е на ЕУ конечно да испорача, напиша Рот на својот Твитер налог.