Росоманец ќе патентира машина за собирање и искористување на отпадот од лозјата
Росоманецот Гоце Јоновски е во фаза на патентирање на машина за собирање и искористување на отпадот од лозјата.
Како што информира тој за МИА, се работи за приклучна механизација за трактор, која ќе ги третира остатоците од лозовите прачки по кроењето на виновите лози. Ја нарекол дробилка со контејнер. Нагласува дека таа, на своевиден начин, треба да ги култивира гранките од лозјата и овоштарниците во најголемиот регион за производство на грозје и праски во државата – Тиквешкиот.
– Машината има основна намена, собирање и дробење на гранките на мали фрагменти, собирање во контејнер што е дел од неа, по што се ставаат во приколка за транспорт. Материјалот, заради компактноста, е погоден за горење во индустриски и индивидуални печки, што работат на сличен принцип како и печките на пелети. Тој може да се доработува и да биде погоден во процесот на производство на пелети/брикети, појаснува Јоновски.
Најважно, според него, е дека ваквото третирање на остатоците од лозовите прачки ќе даде социјален ефект во процесот на собирање на отпадот. Смета дека ќе се олесни тој процес на третирање на остатоците во лозјата.
– Еколошкиот ефект е во можноста остатоците да не се горат бесцелно како сега. Па, наместо да загадуваат, да се третираат како енергенс или биомаса. Економскиот ефект, е во фактот што овој отпад може да се користи како биомаса или енергенс кој може да биде и замена за пелети, нагласува росоманецот кој е дипломиран машински инженер по професија.
Ваквата приклучна машина за која тој веќе има изработено прототип, би чинела до околу десет илјади евра.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година