Росана: „Јадев ќотек оти децата мислеа дека сум Маријана“
„Како деца ќе излезевме пред зграда да си играме. Маријана секогаш ќе излезеше прва, ќе се искараше со некое другарче, ќе го натепаше и ќе избегаше дома. Во меѓувреме, ќе излезев јас и ни крива ни должна ќе добиев ќотек, зашто децата мислеа дека сум Маријана“, за „Женски магазин“ раскажува Росана Сариќ-Тодоровска, популарната пејачка чија сестра близначка Марија веќе долги години живее во Австралија.
За сестрата близначка, Маријана, вели дека тие две се една душа во две тела, вели за Женски магазин. Нивните големи хитови „Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Стој“, „Ако не исчезнам“ станаа евергрини. Сестра и Маријана долги години живее во Австралија, а Росана со својата музичка кариера продолжи сама, се до пред неколку години кога реши да се повлече, најмногу поради како што вели неправдите на фестивалите. Купувачите прво со неверување реагираа, а потоа ја охрабрија на нејзината нова работа, во една од продавниците на фирмата „Стружанка“ во центарот на Скопје. Сега пак работи во „Култура“, каде вели одлично се снаоѓа.
За сестра си Маријана и детството вели: „Јас секогаш сум била помирна, попедантна за се, а таа попалава во секој поглед. Јас повеќе сакав и се трудев да помагам на мама, а таа секогаш се извлекуваше со изговор дека има за учење“ раскажува Росана.
Росана вели дека се повлекла од естрадата поради неправдите, особено на фестивалите, од немање на вистинско мерило на вредности, и помалку заради работните обврски. „Јас пак ќе пеам, ќе има нови песни за мојата верна публика и за луѓето кои што ме сакаат, а пресреќна сум што ги има во голем број„ вели пејачката. Целото интервју прочитајте го тука.
Ново на Сител
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол
-
Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн