Фудбал
16. September 2019 - 13:00

Роналдо се расплака среде интервју, поради оваа снимка не можеше да ги запре солзите

Еден од најдобрите фудбалери на светот Кристијано Роналдо се расплака кога му пуштија снимка од покојниот татко.

Потругалецот емотивно се скрши кога ги види кадрите од својот татко кој почина во 2005 година.

Кристијано Роналдо во големото интервју на Пирс Морган се присети на татко си кој починал од последиците на конзумирање алкохол.

Починал поради болест на црниот дроб и го пропушти вивнувањето на синот до ѕвезда, како и раѓањето на внуците, а очигледно тоа беше многу болна тема за ѕвездата на Јувентус.

Роналдо липајќи низ солзи едвај изусти: Од каде ви е ова?